Нашите коњи и јавачи

    Наскоро

...

За нас

Коњичкиот клуб ДОНА е формиран во 2008 година од љубители на коњи и коњички спортови кои сметаа дека има потреба од унапредување на овој спорт. Се наоѓа во Радишани на приватна локација со сите неопходни услови за непречен развој на коњичкиот спорт.

Коњичкиот клуб Дона е од затворен карактер и пристапот е ограничен само на членовите на клубот ДОНА.

КК Дона поседува терени сооветно опремени за практицирање на активностите спортско јавање, дресура како и засебен терен за школско јавање и објекит изградени по највисоки норми и стандарди за одгледување на висококвалитетни коњи. Клубот нуди можност за пансион, односно сместување, грижа и тренинг на коњи на приватни лица во рамките на постоечките ергела во Радишани.

Целта на клубот е да се афирмира коњичкиот спорт во Македонија, да се даде придонес во развој и едукација на план за одгледување и тренирање расни грла, одржување натпревари со коњи, школи за јавање за деца и возрасни, организирање на манифестации со коњи од забаваен и рекреативен карактер.

Визијата е да се развие и збогатува традицијата на коњичкиот спорт во Македонија, овој спорт да го направиме општо прифатенод граѓаните како хоби и начин на организирање на слободното време во релаксирачки активности.

Јавањето како спорт и јавањето во природа само по себе е активност која при практицирање го ослободува духот и телото од последиците на денешниот динамичен и страсен начин на живеење.